1971 Основање на фирмата, како занаетчиска работилница за монтажа на пластични ролетни на објекти во Скопје.
1976 Година на почеток на производство на дел од придружните делови за ролетни и монтажа на ролетни и ламперии во Скопје и пошироката околина на Македонија.
1980 Набавена прва линија за екструдирање на профили од PVC.
1986 Фирмата располага со уште 3 нови линии за преработка на PVC И 3 машини за вбризгување на делови од други термопласти.
1990 Фирмата е пререгистрирана како Приватно претпријатие за производство на PVC профили.
1992 Фирмата Ролопласт се проширува со купување фабрика во Неготино (Р. Македонија) со површина од 15000 м2, од кои 4000 м2 во 4 производни хали со целосна инфраструктура, како трафостаница,компресорска станица, паркови и асфалтни патишта.
1994 Фирмата се докомплетира со уште 2 нови линии за екструдирање.
1995 Фирмата Ролопласт инвестира во мешовити фирми во Украина, Албанија и Бугарија.
1996 Воведување на производство на PVC гранулат со капацитет од 200 кг/час.
1998 Фирмата го зголемува производството на PVC гранулат со нова модерна линија од 500 кг/час.
2000 Ролопласт инвестира во производство на канализациски цевки од ф50 – ф160, изработува три нови линии за екструдирање за сопствени потреби и отвора два продажни салони за сопствени производи.
2006 Започнува со производство на PVC профили за прозори и врати четворокоморен профил
2007 Производство на шестокоморнии профили за прозори и врати

Ролопласт денес

Денес фирмата Ролопласт со своите две фабрики во Скопје и Неготино и мешовити фирми во Албанија и Бугарија произведува големи количини PVC гранулат со врвен квалитет за потреби на реномирани производители од Македонија и странство.

Изработува секакви видови PVC профили за ролетни, ламперии, корнизи во разни модели и секакви придружни делови за нивна монтажа.

Започнува со производство на канализациски цевки по најмодерна технологија и цевки од полипропилен за високи притисоци за водоводна и пневматска инсталација.

Ролопласт располага со 2 сопствени модерни продажни салони.

Се воведува систем за квалитет за сертифицирање по ИСО 9001 И ИСО 14000.

Денешни годишни капацитети:

  • изработка на полуфабрикати ПВЦ гранулати од 5000 тони
  • изработка на ламперии од 648000 м2
  • изработка на ролетни и придружен прибор од 144000 м2
  • изработка на корнизи од 864000 м
  • изработка на канализациски цевки од 633 т/год.
  • изработка на полипропиленски цевки од 500 т/год.

Со вкупен извоз од 60%

Развојни потенцијали

Фирмата Ролопласт има јасна визија за свој развој.

Според политиката на компанијата неопходно е воведување на системот за квалитет по ИСО стандардите и модернизација на фирмата, за да прерасне во модерна европска компанија.Развојните планови предвидуваат развој на сопственото производство и постојано зголемување на квалитетот и квантитетот на своите производи.Воведување на нови модели на профилите за прозори и врати, и др.

Во плановите се предвидени и нови инвестиции за слични и други производи во соработка со други компании.

Награди и сертификати