1971 | Основање на фирмата, како занаетчиска работилница за монтажа на пластични ролетни на објекти во Скопје. |
1976 | Година на почеток на производство на дел од придружните делови за ролетни и монтажа на ролетни и ламперии во Скопје и пошироката околина на Македонија. |
1980 | Набавена прва линија за екструдирање на профили од PVC. |
1986 | Фирмата располага со уште 3 нови линии за преработка на PVC И 3 машини за вбризгување на делови од други термопласти. |
1990 | Фирмата е пререгистрирана како Приватно претпријатие за производство на PVC профили. |
1992 | Фирмата Ролопласт се проширува со купување фабрика во Неготино (Р. Македонија) со површина од 15000 м2, од кои 4000 м2 во 4 производни хали со целосна инфраструктура, како трафостаница,компресорска станица, паркови и асфалтни патишта. |
1994 | Фирмата се докомплетира со уште 2 нови линии за екструдирање. |
1995 | Фирмата Ролопласт инвестира во мешовити фирми во Украина, Албанија и Бугарија. |
1996 | Воведување на производство на PVC гранулат со капацитет од 200 кг/час. |
1998 | Фирмата го зголемува производството на PVC гранулат со нова модерна линија од 500 кг/час. |
2000 | Ролопласт инвестира во производство на канализациски цевки од ф50 – ф160, изработува три нови линии за екструдирање за сопствени потреби и отвора два продажни салони за сопствени производи. |
2006 | Започнува со производство на PVC профили за прозори и врати четворокоморен профил |
2007 | Производство на шестокоморнии профили за прозори и врати |
Ролопласт денес
Денес фирмата Ролопласт со своите две фабрики во Скопје и Неготино и мешовити фирми во Албанија и Бугарија произведува големи количини PVC гранулат со врвен квалитет за потреби на реномирани производители од Македонија и странство.
Изработува секакви видови PVC профили за ролетни, ламперии, корнизи во разни модели и секакви придружни делови за нивна монтажа.
Започнува со производство на канализациски цевки по најмодерна технологија и цевки од полипропилен за високи притисоци за водоводна и пневматска инсталација.
Ролопласт располага со 2 сопствени модерни продажни салони.
Се воведува систем за квалитет за сертифицирање по ИСО 9001 И ИСО 14000.
Денешни годишни капацитети:
- изработка на полуфабрикати ПВЦ гранулати од 5000 тони
- изработка на ламперии од 648000 м2
- изработка на ролетни и придружен прибор од 144000 м2
- изработка на корнизи од 864000 м
- изработка на канализациски цевки од 633 т/год.
- изработка на полипропиленски цевки од 500 т/год.
Со вкупен извоз од 60%
Развојни потенцијали
Фирмата Ролопласт има јасна визија за свој развој.
Според политиката на компанијата неопходно е воведување на системот за квалитет по ИСО стандардите и модернизација на фирмата, за да прерасне во модерна европска компанија.Развојните планови предвидуваат развој на сопственото производство и постојано зголемување на квалитетот и квантитетот на своите производи.Воведување на нови модели на профилите за прозори и врати, и др.
Во плановите се предвидени и нови инвестиции за слични и други производи во соработка со други компании.